Childish Gambino влегува во камерата на телефоните Pixel (ВИДЕО)

од Vlatko K
59 прегледи

Ако имате телефон Pixel, сигурно сте свесни дека неговата камера вклучува и забавни можности за
додадена реалност како додавањето кон животната средина на анимирани AR стикери, со име
„Playmoji“.


Режимот се нарекува „Playground“ и овозможува да се прошират фотографираните со телефонот
слики и видео. Google веќе нуди различни пакети со анимирани ликови, а последниот додаток
вклучува анимиран аватар на популарниот американски изведувач Childish Gambino (изведувачки
псевдоним на актерот Доналд Гловер).

Google наведува дека е работено во тесна соработка со него и со кореограферот Шери Силвер, за
да може анимираниот херој да танцува слично на својот оригинал. Благодарение на можностите на
ARCore, аватарот убаво се вклопува во околината, а освен тоа може да реагира во реално време на
изразот на лицето на корисникот.

Пакетот вклучува уникатни танцови, кои следат три песни на Childish Gambino – Redbone,
Summertime Magic и This is America.

Додатокот е достапен во камерата на Pixel, Pixel XL, Pixel 2, Pixel 2 XL, Pixel 3 и Pixel 3 XL.