Филипче ги посети повредените, седуммина во критична состојба

од Марта Пешевска
74 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче изутринава ги посети повредените пациенти во вчерашната сообраќајна несреќа, што се случи на автопатот Скопје-Тетово и во која починаа 14 лица.

Од Министерството за здравство соопштија дека четворица од повредените пациенти во Градската општа болница „8 Септември“ и тројца повредени пациенти во Ургентниот центар сé уште се во критична и тешка состојба, но се во стабилна здравствена состојба.

Ангажирани се сите ресурси и правиме сé за да ги спасиме животите на тешко повредените. Со повеќе информации ќе излеземе во текот на денешниот ден, информираат од Министерството.