Пијанец и Малеш осамнаа под нова снежна покривка

од Марта Пешевска
85 прегледи

Пијанечко-малешевскиот регион утрово осамна со нова снежна покривка. Освен тоа што на места се вози по влажни коловози, снежната покривка што е минимална не предизвика поголеми проблеми во сообраќајот. Единствено, како што велат возачи кои патуваат секојдневно на релација Делчево-Пехчево-Берово, на одредени делници има појава на ситни одрони.

– Оваа појава е најзабележителна на патниот правец од село Тработивиште до пред Пехчево каде на повеќе места има остатоци од ситни камења на коловозот. На одредени места што се под осој, коловозот е лизгав и треба прилагодување на брзината, велат возачи.

Од Македонија-пат велат дека нема посериозни проблеми на споменатата магистрала освен појавата на одрони на одделни места што екипи на јавното претпријатие редовно ги чистат. Сообраќајот на патот што води до границата со Република Македонија кај граничниот премин е со намален интенизитет, но се одвива по суви и во одделни делови влажни коловози. Во овој дел од Македонија провејува и ветар кој е со послаб интензитет.