Необична крем супа од тиква може да го собере семејството. Вкусот ќе ве одушеви.

Состојки:
500гр. тиква
100гр. морков
1 голем компир
1,25л. бистра супа
100гр. павлака
50гр. масло
½ кромид
1 гранче рузмарин
сол
бибер
Подготовка:
Тиквата и компирот излупете ги и исечете на коцки. Морковот исечете го на прстени и кромидот исецкајте го на ситни парчиња. Загрејте го маслото, додадете го исецканиот кромид и испржете го да добие златна боја. Потоа додадете ги тиквата, компирот и морковите, посипете ги со малку супа, додадете рузмарин, зачини по вкус и се заедно динстајте неколку минути. Истурете го остатокот од супата и варете додека зеленчукот целосно не омекне. Готовата супа, тргнете ја од оган, извадете го гранчето рузмарин и исцадете низ цадалка. Потоа супата вратете ја на шпоретот, оставете ја да проврие, измешајте ја киселата павлака и накратко оставете да се вари. Послужете ја топла.
https://www.instagram.com/p/Boh7GFZBNmM/?utm_source=ig_embed