Тајванската влада се обидува да го изгасне голем скандал поврзан со безбедноста на воени објекти на земјата, кои случајно беа откриени од “Гугл мапс”, соопштува “Рашa тудеј”. По надградба на апликацијата каде што има слики со исклучително висока резолуција, во него можат да се видат тајни ракетни силоси и дури типот на ракетите, алармираат од Тајпеј.

Од тајванската Министерство за одбрана испратиле официјално барање до “Гугл” да се замаглi сликата на тајните воени објекти, кои можат да бидат видени во детали од “непријатели на татковината” и можат да ja загрозат националната безбедност на земјата.
Министерот за одбрана Јен Де-ФА изјави дека реално објектот може да биде преместен, бидејќи ракетните лансери немаат фиксна позиција. Информацијата беше потврдена од анонимен воен извор, кој истакна дека веројатни сликите се застарени, бидејќи Тајпеј често ги сели своите одбранбени капацитети, за да “ги скрие и да го измамат непријателот”.
Според властите во Тајван тајни информации всушност се наоѓа во зградите, кои јасно се гледаат на фотографиите. Министер Јен Де-ФА сепак беше категоричен дека е формиран специјален тим кој ќе работи во тесна соработка со “Гугл”, за да се избегнат слични инциденти во иднина. Според него треба да се преиспита основно и Законот за одбрана, според кој откривањето на локацијата на тајни воени објекти се казнува со затвор.
“Гугл мапс” откри случајно тајна ракетна база во Ксиндиан, која е опремена со американски ракетни лансери “Патриот”. Апликацијата беше обновена во среда со карти од четири главни градови во Тајван – Тајпеј, Нов Тајпеј, Таојуан и Таичуан.
Ова не е прв ваков инцидент. Во 2016 година, Тајпеј побарал од Гугл да ги отстрани сликите од својата апликација, прикажувајќи ги воените локации на островот Јужно-кинеско Море во Јужна Кореја.