Со 250 кг експлозив урната електрана

од desk2
233 прегледи

 

Во Германија денеска беше урната некогашната електрана на јаглен „Кнепер“, за што се употребени 250 кг експлозив.

Електраната е на периферијата на Дортмунд, а беше затворена во 2014 година. За да биде срамнета се земја два пати експлодираше. Од неа останаа само 28.400 тони шут, пренесе Билд.

Во првата експлозија уништен е централниот дел на електраната висок 70 метри, а во втората зградата за ладење висока 128 метри и оџакот висок 210 метри.

Како претпазливост евакуирани се стотина жители од околината. Наскоро ќе почне расчистувањето на шутот.

Германија планира до 2022 година да ги затвори своите нуклеарни електрани, а и електраните на јаглен до 2038 година со цел да придонесе за намалување на емисиите штетни гасови.

https://www.youtube.com/watch?v=tLTT2QVBz3w