
Џулија Робертс е овогодинешниот лауреат на наградата „Џорџ Истамн“ за придонес во киното, пренесе Асошиејтед прес.
Од музејот „Џорџ Истман“ во Рочестер, Њујорк, објаснија дека ќе ја наградат ѕвездата на филмовите „Pretty Woman“ и „Steel Magnolias“ на церемонијата на 2 мај.
Меѓу претходните добитници на наградата се Лорен Бакол, Чарли Чаплин, Гери Купер и Мерил Стрип.
Директорот на музејот, Брус Барнс, се потсети на најдобрите моменти од кариерата на Робертс и нејзините улоги во филмовите во изминатите 30 години. Таа освои „Оскар“ за најдобра актерка за нејзината улога во Ерин Брокович (2000) и три награди „Златен глобус“, а исто така доби и повеќе од десет филмски награди.
Музејот ја доделува наградата „Џорџ Истман“ од 1955 година.