Француски судија денеска одбил да ја блокира дистрибуцијата на филмот кој е заснован на секс скандал во Католичка црква.

Филмот „By the Grace of God“ од францускиот режисер Франсоа Озон, го освоил филмскиот фестивал во Берлин на состанокот на жирито во неделата, а во него се зборува за свештеникот Бернар Прејн, кој бил обвинет за злоставување на десетина деца за време на 80-те и 90-те години на минатиот век, пренесува АР.
Адвокатите на свештеникот велат дека филмот ги прикажува обвиненијата против него како факти и дека треба да биде блокиран, бидејќи не ја почитува претпоставката за невиност.
Процесот против Барнер Прејн моментално е во тек.