Британската рок група Queen ќе настапи на церемонијата за доделувње на Оскарите во недела, објавија организаторите.
Биографскиот филм за познатиот фронтмен на групата Фреди Меркјури “Боемска рапсодија”, има солиден број номинации.
Оваа година, 28 години по смртта на Меркјури, Рами Малек ги воодушеви фановите на групата со својата одлична интерпретација на неговиот лик, па тој е еден од главните фаворити за “Оскар” за главна машка улога. Самиот филм, според IMDB, е втор фаворит за големата награда по “Зелената книга”.
Фреди ќе биде заменет во Куин од страна на американската ѕвезда, Адам Ламберт.