Библиотеки што воопшто не се затвораат

од Vlatko K
99 прегледи

 Проектот „Библиотеки што воопшто не се затвораат “ на Општина Истанбул (İBB), кој за првпат со реализација започна во 2014 година во библиотеката „Ататурк“ во Таксим, поради големиот интерес и барања на граѓаните на Истанбул, почна да се распространува во многу општини во градот, јавува Anadolu Agency (AA).

Во саботата, непрекинато 7 дена, 24 часа, започнаа да работат библиотеките „Муалим Џевдет“ во Картал и „Сухејл Унвер“ во Умраније. Веднаш по нив и библиотеките „Расим Озденорен“ во Башакшехир и „Ахмет Кабакли“ во Фатих, започнаа со давање на 24-часовни услуги.

Во библиотеката „Сухејл Унвер“ во Умраније, има 35.000 книги, во „Ахмет Кабакли“ во Фатих – 32.000, во „Муалим Џевдет“ во Картал – 20.378, додека во библиотеката „Расим Озденорен“ во Башакшехир, има 19.555 книги.

Исто така, библиотеките обезбедуваат бесплатни фотокопирски и интернет-услуги.

Во библиотеките, покрај списанијата и дневните весници, на учениците им се нуди и бесплатно фотокопирање и бесплатна интернет-услуга. Покрај тоа, студентите кои доаѓаат да учат во ноќните часови и прават истражувања, се угостуваат со различни оброци.

Со започнувањето на давање 24-часовна услуга на овие четири библиотеки, бројот на библиотеки што „не се затвораат воопшто“, и кои ѝ припаѓаат на Дирекцијата за библиотеки и музеи на Истанбул, порасна на 5.

Во општината Истанбул има 21 детска и народна библиотека. Еден дел од овие библиотеки работат 7 дена во неделата до 20:00 часот, а друг дел се отворени до 22:00 часот.