Тимот на Торо Росо продолжува да ја предводи табелата и во денешниот последен ден од првата
четиридневната серија предсезонски тестови во Формула 1. Вчера Данил Квјат беше најбрзиот
возач на патеката „Каталонија“, а денес половина час пред паузата за ручек клубскиот колега во
Торо Росо, Александар Албон го направи најбрзиот круг. Младиот пилот на вториот тим на Ред Бул
постигна резултат од 1:17.637 мин. со најмеката С5 мешавина на Пирели, како и клубскиот колега
Квјат вчера.
Втор до средината на денот е Даниел Рикардо за новиот тим Рено со заостанување од лидерот на
0.148 сек. Австралискиот пилот беше најбрз на патеката крај Барселона со С4 гумите, но потоа и тој
стави „сликови“ со најмеката смеса. За прв пат од почетокот на зимската подготовка шампионите
од Мерцедес конечно укажаа за вистинска брзина.
Така Луис Хамилтон конечно забележа доволно добро време за да се најде во челото со трети
резултат до ручек. Британскиот пилот заостанува зад лидерот Албон со 0.340 секунди. Младата
надеж на Ферари, Шарл Леклер остана со тврдите гуми С2 до средината на денот и очекувано
остана со четврто време и 0.409 секунди заостанување. Французинот сепак работеше најдолго на
трасата и сврте најмногу кругови – 75.
Антонио Џовинаци ги комплетираше првите пет за тимот на Алфа Ромео. Роберт Кубица денес
работеше во болидот на Вилијамс, а Полјакот се надева дека ќе успее да спроведе програма за
денот. Кубица е со последно време, но до пладне успеа да направи околу 50 круга