Во тесен круг се славеше дочекот на бебето на Меган Маркел. Беше одржана во хотелот во Њујорк каде престојуваше војвотката од Сасекс, а нејзин главен организатор беше Џесика Мулири, една од нејзините најблиски пријателки.
На свеченоста во чест на првото дете на принцот Хари и Меган присуствувале Амал Клуни, Серена Вилијамс, Гејл Кинг и Абигејл Спенсер од серијата “Suits”. Актерката Пријанка Чопра исто била поканета, но заради ангажман во Беверли Хилс морала да откаже.
Според американските медиуми, Амал и Серена биле одговорни за декорацијата на забавата. Поради кралскиот статус на нивната другарка, не им беше дозволено да споделуваат фотографии на социјалните мрежи.
Појавата на Меган Маркол во Соединетите Американски Држави покрена контроверзни коментари. Бидејќи таа не можеше да направи таква прослава во Велика Британија, ѝ беше дозволено да замине за својата татковина. Сепак, таа не остана со нејзината мајка, ниту ја покани да ѝ се придружи на неа и нејзините девојки.
Во меѓувреме, палатата Кенсингтон објави дека патувањето на војвотката било покриено со нејзини лични средства. Според Daily Mail, 5-дневниот престој на Меган во Њујорк чини 500.000 долари, со само една ноќ во луксузниот хотел од најмалку 75.000 долари дневно.
Кон крајот на минатата ноќ, Меган беше забележана како ги напушта САД во приватен авион. Поинтересно е дека папараци ја фатиле со црно капче на главата, спортска блуза во иста боја и беж капут одозгора. Покрај тоа, таа беше со патики. Таквата облека е нешто што Американката не би си го дозволила во Велика Британија поради кралскиот протокол.
Според експертите, враќајќи се на островот, сопругата на принцот Хари ќе добие солидна критика од кралицата за нејзиното “тајно патување”.

Извор: Ројтерс