Продадени слики на аукција од колекцијата на Џорџ Мајкл

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Слики од личната колекција на покојниот Џорџ Мајкл ќе бидат понудени на аукција. Целта е да се трошат повеќе пари на хуманитарната организација во негово име, пишува “Дејли мејл”.

Со текот на годините, пејачот има собрано повеќе од 200 уметнички дела. Меѓу нив има слики на сликарите Трејси Емин, Мајкл Крег-Мартин, Демијан Херст, а според информации на аукциска куќа, цената на некои дела се движи од 400 до 1,5 милиони фунти.

Некои слики ќе бидат достапни онлајн од 8 до 15 март, а главната аукција за поскапи дела ќе биде на 14-ти март.

Џорџ Мајкл почина во крајот на 2016 година. Тој си отиде од овој свет на 53-годишна возраст, а неговата организација продолжува работата со собирањето на средства за различни иницијативи.