Бејл нема намера да го напушти Реал

од Vlatko K
67 прегледи

И покрај фактот дека Реал Мадрид планира да се раздели во својата најскапа аквизиција во текот
на летото, Герет Бејл очигледно нема такви планови. Од неговото опкружување откриле пред „АС“
дека тој планира да го исполни својот договор до крај.

Велшанецот е поврзан со Мадрид до 30 јуни 2022 година и објави дека е задоволен од престојот на
„Сантијаго Бернабеу“. Во последниве недели, има извештаи дека за него се заинтересирани
клубови од Премиер лигата, но тој нема намера да се враќа во Англија.

Бејл постојано е измачуван од повреди и не може да го открие својот полн потенцијал иако има
забележано многу клучни голови во важните натпревари. Тој е миленик на претседателот
Флорентино Перез, кој сé уште не е подготвен да сераздели со својата најголема фудбалска
инвестиција.