За кампањите на политичките партии, анкетите, резултатите кои може да ја разнишат позицијата на Мицковски во партијата, прогнози, можен бојкот, шанси да не се постигне цензус во вториот изборен круг и можноста од пропаѓање на изборите, се дебатираше во Отвореното Студио 1, со пи-ар експертите Никола Спасов и Петар Арсовски . Еве дел од прогонозите:

Дали тоа што ВМРО-ДПМНЕ веќе има кандидат дава предност во однос на СДСМ за изборите?
„Оној кој прв ќе почне може полесно да се профилира во јавноста од самиот почеток. Меѓутоа од тоа што досега го видовме се уште е неорганизирана кампања“, рече Спасов, истакнувајќи дека во овој момент СДСМ има некоја предност да размисли со кој кандидат ќе отиде на избори, бидејќи според него од досега виденото, Сиљановска не е организиран канадидат.
„Во овие претседателски избори имаме два политички моменти. Јас би рекол дека поголем хендикеп е што електоратт ќе го перпецира кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ низ призмата на Ѓорге Иванов. Вториот е изборот на СДСМ е задоцнет, бидејќи тие имаат противкандидат, но истовремено тука е потребата од консенсуален кандидат. Точно е дека почетокот на кампањата е некординиран од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Аросвски.
Колку анкетите за истражување на јавното мислење се поклопуваат со гласањето и резултатите?
„Тоа е тешко да се каже. Секоја партија преферира партиски кандидат доколку ги исполнува условите, второ тоа секогаш го вадат со победата. Така да тоа е еден процес кој никогаш не е ист, ниту има правила. Се гледа гласачкото тело на самата партија, колку може да го прошири во однос на неопределените, па дури и во гласачкото тело на спротивната партија“, рече Спасов.
„Во оваа ситуација бројките кои ние ги гледаме релативно покажуваат дека кандидатот на СДСМ би имал старатешка предност во однос на Сиљановска, сообено ако е консенсуален со предноста од албанските гласови. Тоа е стратешка разлика која тешко ќе ја надмине ВМРО-ДПМНЕ. Изборот на Сиљановска иницира дека во ВМРО-ДПМНЕ има стратегија. Сепак нејзините почетни пораки се уште подесни од оние на Влатко Ѓорчев. Таа како да направи брана кон неопределните. Мислам дека изборот на СДСМ ќе се сведе на тоа како го замислуваат владењето потоа, односот Влада – претседател во иднина“, кажа Арсовски.