Џуд Лоу планира свадба

од Vlatko K
131 прегледи

Џуд Лоу планира да склучи брак со својата  долгогодишна девојка Филипа Коан, пишува  “Дејли мејл”. Холивудскиот актер планира да се омажи за психологот, со која  оддржува врска од 4  години, и тоа оваа пролет на церемонија во Франција, на која ќе присуствуваат најблиските им пријатели.

Според пријатели на 46-ходишната ѕвезда тој побарал од  22-годишниот син Раферти, од првиот брак со дизајнерката Сејди Фрост, да му биде кум. “Џуд и Филипа се заедно со години – тоа едноставно е следниот чекор”, категорични се нивните пријатели.

Во листата на гости ќе фигурираат имињата на некои од блиските пријатели наЏУда – Џони Ли Милер, Јуан Мекгрегор, Бред Адамас и Шон Пертуи. Според непотврдени информации, свадбата ќе се одржи во мај.