Иран успешно тестираше  крилеста рекета за време на поморски вежби до Ормузкиски теснец ,објабија  ирански  медиуми, цитирани од “Ројтерс”.

Светската новинска агенција забележува дека тестот бил спроведен во услови на зголемени тензии со САД.

  Во минатото Техеран му се закануваше да го блокира теснецот , кој е голем морски коридор за пренос на нафта во регионот, ако САД преземаат непријателски активности против Исламската република.
  Во август Вашингтон објави дека Иран  истрелал противокорабна ракета со мал дострел во теснецот за време на вежби, како се верува дека ова е предупредување, откако претседателот на САД Доналд Трамп одлучи да ги  врати санкциите против Техеран.

Медиумите дополнува, цитирајќи соопштение на вооружените сили дека другите подморници на Иран, Tareq и новата подморница Fateh, која беше направена  во земјата, имаат исти противокорабни способности.

  Повеќе од 100 бродови учествуваат во тридневните воени вежби од Ормудскиот теснец до Индискиот Океан, пренесе  ИРНА.

Техеран за прв пат успешно ја тестираше подморницата со крилести ракети.