Белинда Бенчиќ со прва ВТА титула по две години

од Vlatko K
108 прегледи

Белинда Бенчиќ ја освои својата прва титула во професионалниот тенис по две години, откако ја
победи Петра Квитова со 6:3, 1:6, 6:2 во финалето на турнирот за жени во Дубаи.


21-годишната Швајцарката, која стигна до седмото место на светската ВТА листа пред да добие
повреда на зглобот, за последно триумфираше на турнирот во Санкт Петербург во 2016-та.

„Одиграв многу добар турнир, ја поздравувам и Петра. Таа играше брз тенис, но јас се обидов да и
отежнам и се радувам што работите излегоа како пто сакав. Можеби издржливоста ми влијаеше на
натпреварот. Се чувствувам одлично!“, рече младата Швајцарката по завршувањето на натпревар.

Бенчиќ направи силен старт со двоен брејк за 4:1, а подоцна го затвори сетот со силен форхенд по
должината на теренот. Квитова го освои следниот сет, но во третиот направи двојна грешка при 5:3
и дозволи меч топка на Швајцарката, која гп искористи со безмилосен бекхенд.