НБА го казни Харден поради критики кон судија

од Vlatko K
116 прегледи

Џејмс Харден беше казнет со 25.000 долари за критики кон судија, објавија од НБА.

Тој изјави дека Скот Фостер не смее да му биде дозволено да раководи натпревари на Хјустон во
иднина, откако ја напушти играта поради лични грешки на средбата со Лејкерс. Во предметниот
дуел, Харден постигна 30 поени.


„Скот Фостер, човеку, не ми се зборува за судии, но тоа едноставно беше арогантно. Изгледаше
како нешто лично. Не мислам дека тој треба да раководи повеќе наши натпревари, искрено“, рече
тој.