“Луѓето не разбираат што може да се направи со фризура и шминка”, вели Кајли Џенер во интервјуто за новиот број на Пејпер. Реалити ѕвездата инсистира дека никогаш не отишла под ножот на пластичен хирург и дека нејзините познати облини се нејзини и сосема природни.
Најмладата сестра на Ким Кардашијан, 21-годишна, е платинеста русокоса на насловната страница на ова издание.
Каји вели дека драматичната промена во нејзиниот изглед се должи само на “филери”. Таа појаснува дека нема импланти, нема силикон во задниот дел, таа не ги кренала веѓите или го допрела носот и така натаму.
Младата мајка која одамна беше обвинувана дека премногу рано легнала под ножот на холивудските пластични хирурзи, инсистира дека физичката нејзина трансформација е резултат најмногу на “добра фризура и шминка”.
Кајли, која се претвори во бизнис магнат покрај компанија за шминки, вели:
“Луѓето мислат дека целосно сум го реконструирала лицето што е сосема неточно.”
Секси русокосата не негира само дека ги зголемила усните.
Проверете ја Кајли на фотографиите во нашата галерија!
Критичарите на реалити кланот се убедени дека Кајли има десетина операции само на нејзиното лице. Таа дефинитивно е сестрата чија визија претрпе најголема трансформација со текот на годините.