Ајде Мицкоски, ајде ВМРО-ДПМНЕ, покажете – имате ли образ и одговорност пред граѓаните?

од Vlatko K
135 прегледи

Од скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ни трага ни глас во врска со партиските вработувања кои беа аспсолутна асоцијација за црното 11 годишно владеење.

Јавноста и граѓаните очекуваат и заслужуваат одговор. Дали Мицкоски има образ и лице да ги повика своите роднини да се повлечат, дали Мицкоски ќе се откаже од бизнисите со хидроцентралите?

Ајде Мицкоски, повикај го својот братучед да се повлече од ЕЛЕМ турс. Повикај го и пратеникот Милошовски да одговори како неговата снаа, вујко, братучед и братучедка добиле работа во државни и јавни претпријатија.

Време е ВМРО-ДПМНЕ да го расплете јазолот на партиски вработувања со кои ја демонстрираа апсолутната и тоталитарната власт која ја имаа 11 години.

Доколку Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжат со молкот само потврдуваат дека се неискрени, неодговорни и несериозни пред граѓаните.

Борбата против непотизмот започна и враќање назад нема, обзнанија во денешното  соопштение на  ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА