Дебата за Западниот Балкан во Европската унија

од desk2
93 прегледи

„Западниот Балкан во Европската унија: Добри соседи денес, добри членки утре?“ е темата за дебата на тркалезната маса која е во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ), Меѓународен центар за обука – CIFE и Австро-францускиот центар за зближување во Европа (CFA/ÖFZ).

Како што информираат организаторите, на дебатата ќе се отвори простор за интерактивна дискусија помеѓу експертите од ЕУ и од шесте земји од Западниот Балкан од една страна, со студенти, истражувачи и граѓани од другата страна. Тркалезната маса е дел од иницијативата „Форум за размислување за Западен Балкан”, проект што започна во 2015 година

Отворена за медиуми ќе биде само првата сесијаодносно излагањата на амбасадорите на Австрија, Ренате Коблер и Франција, Христијан Тимоние, директорката на ЕПИ Симонида Кацарска и директорот на ГИЗ, Давид Оберхубер.