Неколку дена откако Лејди Гага ја раскина свршувачката со Кристиан Карино, почнаа шпекулациите за нејзината нова врска. Фановите изнесоа на Твитер предлози дека таа е во врска со Бредли Купер, актерот со кој успешно глуми во филмот Се роди ѕвезда.
“Погледнете како таа гледа во неговите очи и како го бакнува, таа е вљубена”, напиша следбеник на социјалните мрежи.
Минатата ноќ, за време на официјалната церемонија на доделување на Оскарите Dolby Theater, Гага и Купер ја изведоа песната “Shallow”. Нивното однесување на сцената им даде повеќе причини за размислување на нивните обожаватели. Двајцата беа премногу блиски, а подоцна и фотографите ги фатија во гушкање.
Подоцна, пејачката го зграпчи Оскарот во категоријата “Најоригинална песна” и не ги задржа солзите.
Во моментов пејачката е слободна, но актерот излегува со моделот на Ирина Шејк. Според некои од коментарите, тој мисли да се рздели со неа и да ја продолжи својата романса со Lady Gaga. Но, изгледа Ирина нема таква намера, па затоа удобно се смести и седна меѓу нив во публиката за време на церемонијата.

Извор: Ројтерс