Санчо најмлад играч во Бундеслигата со девет погодоци во една сезона

од desk4
133 прегледи

Англискиот репрезентативец Џејдон Санчо веќе на 18-годишна возраст стана нова ѕвезда на лидерот во Германското фудбалско првенство, Борусија Дортмунд. Тој во неделата постигна еден погодок во победата (3:2) над Баер Леверкузен и стана најмладиот играч во Бундеслигата со постигнати девет гола во една сезона.

На тој начин Санчо по само 23 кола успеа да го надмине резултатот на Лукас Подолски.

Санчо е „дете“ на Вотфорд. Од 2015 до 2017 година играше за Манчестер сити. Летото 2017 година, тој одби да потпише нов договор со „граѓаните“ поради фактот што тој не беше вклучен во тимот на турнеја низ Северна Америка и замина во Борусија Дортмунд.

Во октомври 2018 година, тој беше признаен како најдобар играч во Бундеслигата.