Џејсон Момо ги возбуди фановте вчера, откако се појави на наградите “Оскар” со розово ластиче за коса на марката Fendi кое предвидливо го носеше на својот зглоб, во случај да реши да ј врзе својата долга коса.
Кадифеното ластиче беше во согласност со костимот на Џејсон, кој беше во пепеласто розево со црни ревери.
Костумот на Момо и на неговата сопруга Лиза Боне беа на модниот бренд Fendi Couture и беа дизајнирани лично од модниот гуру Карл Лагерфелд, кој почина минатата недела.
39-годишниот Аквамен ги пленеше обожаватели и со уште едно свое модно решение – да ја соблече кошулата, по официјалната церемонија на доделување награди, откривајќи го гол својот снажен граден кош под сакото.
Со оваа секси визија, Момо се појави на афтер забавата на списанието Vanity Fair, кое традиционално се одржува ноќта откако се делат статуетките.
