Што прават ѕвездите за да бидат беспрекорни на црвениот тепих. Некои од нив споделуваат фотографии и видеа на социјалните мрежи од огромните подготовки пред да се појават пред церемонијата на доделување на Оскар.
Емили Кларк
Мајката на змејовите радикално го промени својот имиџ за церемонијата на доделувањето Оскар и од русокоса стана бринета.
Кејтлин Џенер
И риалити ѕвездата се подготви за свечената церемонија “правилно“ преку споделување слика на нејзината страница на Инстаграм. Самата Џенер ја потпишала фотографијата: “Се готвам за весела ноќ”.

Фото: Instagram
Хајди Клум
Супермоделот секогаш изгледа убаво на црвениот тепих. Ѕвездата, исто така, одлучи да објави на нејзиниот Инстаграм профил како изгледа, додека ѝ ја нанесуваат шминката, како и за прекрасниот резултат што го добиле.

Фото: Instagram
Ешли Греам
Прекрасниот модел знае како да ги привлече очите кон себе. И покрај тоа што таа не е актерка и таа не очекуваше златна статуетка, Ешли покажа стил. Еве ја фотографијата што ја покажа пред да се појави пред фото апаратите. “Се подготвувам за Оскари – со најдоброто од најдоброто”, Ешли објасни.

Фото: Instagram
Мелиса Мекарти
Мелиса и нејзиниот сопруг, Бен Фалкон, го снимија своето селфи додека се возеа автомобил за церемонијата. “Ура! Одиме! “Оскари, почекајте не нас!” беше нивниот повик.

Фото: Instagram
Алекс Родригез
Партнерот на Џенифер Лопез не можеше да избере која боја одговара да ја носи, па дури и се обрати за помош кај своите обожаватели на социјални мрежи. Како што знаеме за официјалниот настан, тој го избра белиот костум.
