Nubia има поинаков пристап кон сегашните флексибилни дисплеи. Компанијата претстави уред со
име nubia α, што практично е паметен часовник со флексибилен дисплеј, но може да работи и како
смартфон.
Уредот користи 4-инчен OLED дисплеј со резолуција од 960 x 192 пиксели и се потпира на чипсет
Snapdragon Wear 2100 со 1GB RAM и 8GB простор заскладирање.
Користениот софтвер е специјално дизајниран за уредот, па затоа очекувајте да пронајдете Android
Wear. Батеријата има капацитет од 500 mAh, но според компанијата може да обезбеди до две дена
на работа
Меѓу другите карактеристики откриваме 5МР камера (f / 2.2), Bluetooth, Wi-Fi, сензор за пулс и дури
4G LTE можности во верзијата со eSIM.
Nubia α има челично тело и ќе биде достапен во позлатена верзија. Продажбата на уредот
започнува во април – тогаш ќе биде достапна Bluetooth верзијата по цена од 450 евра.
Изданието со eSIM ќе биде достапно во третиот квартал по цена од 550 и 650 евра за златната
верзија.