HTC претстави 5G хаб со дисплеј (ВИДЕО)

од Vlatko K
148 прегледи

5G е тема на разговор насекаде на Светскиот мобилен конгрес, а се повеќе компании презентираат
нови производи со поддршка за брзата технологија.

HTC исто така не прави исклучок со промоцијата на HTC 5G Hub – уред кој не само што овозможува
врска со 5G мрежи, но е опремен и со вграден 5-инчен таблет со Android 9.

Уредот овозможува врска на 20 корисникот, кои можат да гледаат истовремено 4K видео или пак
да играат мултиплеер игри.

Уредот работи со чипсет Snapdragon 855 и вклучува 5G модем Snapdragon X50 за постигнување на
максимални брзини на симнување на податоци од 2.3Gbps. Додадени се уште 4GB RAM, 32GB
меморија и батерија со капацитет 7660 mAh која може да се користи и за полнење на други уреди.

HTC 5G Hub вклучува 802.11ac способности и има microSD слот за до 2ТВ дополнителна меморија.