Антонио Џовинаци со Алфа Ромео даде најдобро време во утринската сесија од обновените
тестови во Барселона. Пјер Гасли остана втор, но запиша најбрза обиколка за својот тим од
почетокот на зимската подготовка.
Трет беше Шарл Леклер со Ферари, кој успеа да направи само 29 круга. Имаше проблем со
ладењето – прв проблем за „Скудерија“ оваа година. Четврто време даде Ленс Строл со Рејсинг
Поинт.
Вилијамс успеаја да покажат напредок, откако Џорџ Расел го подобри со речиси секунда и
половина најдоброто време на тимот од минатата недела. Најмногу кругови направи Кевин
Магнусен со Хас – 84.
83 сврте Луис Хамилтон. Мерцедесот се појави со сериозни надградби – нов нос, ново предно
крило и ново покритие на моторот.
Ландо Норис со Мекларен го предизвика единственото црвено знаме за време на сесијата.
Боолидот запре на патеката поради непознат проблем.