Сари за Кепа: Не сакаме да го убиваме

од Vlatko K
70 прегледи

Челзи веќе го санкционира Кепа Арисабалага со парична казна, но менаџерот Маурицио Сари не
исклучува да го казнат дополнително, откако ќе го остави на клупата за натпреварот на Челзи со
Тотенхем. Во неделата против Манчестер Сити шпанскиот голман одби да излезе од теренот кога
тренерот сакаше да го замени.


„Се уште не сум одлучил дали Кепа ќе игра. Можеби да, можеби – не. Ако одлуката е да седне на
клупата, тој ќе треба да седне на клупата. Тој допушти голема грешка. Мојата одлука ќе биде во
името на тимот, во името на сите фудбалери“, прокоментира Сари денес.

„Прво зборував лично со него, а потоа сите го направивме тоа во тимот. Тој му се извини на
тренерскиот штаб, но тоа не беше доволно. Тогаш Кепа се извини и на своите соиграчи. Но, мораме
да бидеме над работите. Не сакаме да го убиеме“, додаде менаџерот.
Челзи го пречекува Тотенхем во средата од 21 часот.