Ердоган: Се надевам дека односот на САД нема да се промени поради С-400

од desk4
97 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа изрази надеж дека односот на САД кон Турција нема да се промени поради одлуката да купи систем за ракетна одбрана С-400 од Русија.

– Релевантни институции спроведуваат неопходни преговори. Ќе продолжат да го прават тоа. Ќе разговараат и со Парламентот. Се надевам дека овој погрешен пристап на Америка ќе се смени, рече Ердоган.

Американски и претставници на НАТО повеќе пати ја предупредија официјална Анкара дека со С-400 не може да се интегрира во НАТО системите за воздушна и ракетна одбрана и оти купувањето С-400 ќе ги загрози изгледите за реализација на купувањето на борбените авиони Ф-35