Познати сите четвртфиналисти во одбојкарската Лш за жени

од desk4
89 прегледи

По одигрувањето на последното коло од групната фаза познати се осумте екипи кои ќе играат во четвртфиналето од Лигата на шампионите во одбојка за жени.

Од секоја група во следната фаза одат првопласираните, како и трите најдобро второпласирани екипи.
Победници на групите се: Вакифбанк, Екзахибаши, Новара, Скандиччи и Фенербахче.

Трите најдобро второпласирани се: Динамо Москва, Штутгарт и Конељано.

Жрепката за четвртфиналето ќе се одржи на 1 март.