Заев: И јас платив казна за фрлање боја

од desk2
91 прегледи

 

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил напиша дека и тој платил слична казна, за фрлање на бои на протестите на Шарената револуција.


„Шарената револуција“ беше еден од најголемите и најактуелните настани кој ја одбележаа 2016 година во Република Македонија.

Многу активисти и симпатизери на СДСМ беа активни во протестите, како и сегашни членови на владата на Република Македонија.

Тие учествуваа во протестите и фрлаа боја насекаде низ значајните знаменитости во Скопје. Една од нив беше и универзитетската професорка и активист за човекови права Мирјана Најчевска на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека ќе треба да плати 200 евра за фрлање боја на објекти, во државна сопственост за време на шарената револуција.

Комисијата за прекршоци при МВР утврдила дека во тоа време таа била одговорна за фрлање на боја.

Освен Најчевска и Заев во фрлањето на боја учествуваше и министерката за Одбрана Радмила Шеќеринска, која за сега не знае дали ја исплатила казната.

Заедно со премиерот Заев во фрлањето на боја учествуваа и министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов.
Примерот Заев на својот Фејсбук профил напиша дека и тој има исплатено слична казна за фрлање на боја на протестите, на Шарената револуција во 2016 година.

„Претставници на извршната власт ќе го разгледаат прашањето со прекршочните казни од Шарената револуција и ќе разговараат со засегнатите граѓани за можни решенија, со целосно почитување на судската власт, но и почитување на демократските принципи и интегритетот на граѓаните.
Прекршоците со фрлањето боја во времето на протестното движење ги правевме свесно, знаејќи ја цената на казната, но со повисока цел – слобода и ослободување на институциите.
Слична казна за фрлање боја веќе платив и јас лично.
Ќе разговараме со граѓаните за решенија кои ќе ја чуваат честа на граѓанскиот активизам и лично како граѓани ќе ги поддржиме солидарните иницијативи“, пиша Заев.