УЕФА смета дека капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос дејствувал намерно при добивањето на
жолт картон во победата од 2:1 над Ајакс во 1/8-финалето на Лигата на шампионите. Официјалното
предупредување требаше да го извади Шпанецот од пресметките за реваншот против Холанѓаните

на „Сантијаго Бернабеу“, но сега тој доби уште една дополнителна средба
32-годишниот шпански репрезентативец отворено го собори Каспер Долберг, а потоа во
миксзоната изјави дека „би лажел“, ако негира дека не постапил намерно. Подоцна фудбалерот се
обиде да ретерира, а тренерот Сантијаго Солари се обиде да го заштити.
УЕФА започна истрага против Рамос по член 15 од дисциплинскиот правилник и процени дека ги
има сите причини да му наметне санкција за уште еден дополнителен натпревар. Така Рамос нема
право да игра не само во реваншот против Ајакс на 5-ти март, така и евентуално во првиот 1/4-
финален дуел на „белите“, доколку европскиот клупски шампион го отстрани гигантот од
Амстердам.