Официјално: Фулам го отпушти Раниери

од Vlatko K
114 прегледи

Англискиот клуб Фулам го ослободи од обврските италијанскиот менаџер Клаудио Раниери и на
негово место привремено го назначи поранешниот репрезентативец на Англија, Скот Паркер,
објави официјалниот сајт на „Котиџерс“.


Фулам води тешка битка за опстанок во англиската елита, а во моментов го зазема претпоследното
19-то место на табелата и е на 10 поени од зоната за спас. Лондонскиот тим се наоѓа во многу
непријатна серија, откако изгуби 7 од последните 8 натпревари во лигата.

Раниери го презеде тимот во ноември, менувајќи го на менаџерскиот пост Славиша Јокановиќ.

Под раководство на Раниери, Лестер стана сензационален шампион во Англија во 2016 година.