Смартфонот со дисплеј на преклоп на кинеската компанија Oppo може се уште да не е реалност, но
дизајн филозофија на предметниот натера многу колеги и експерти да се возбудат.

Бранувањата доаѓаат на база распространети рендери од LetsGoDigital на претстојниот телефон.
Сликите укажуваат камера која ќе „искача“, а сличен детал може да значи и реален „edge-to-edge“
дисплеј – прв таков за „флексибилен“ смартфон и нешто што деби варијантата на Galaxy Fold не
може да го понуди.
За прв пат дознавме за флексибилниот телефон на Oppo од истечена документација и патенти, а
споделениот во овој текст рендер е базиран токму на нив. Конкретно, дизајнот и конструкцијата.
Кинеските официјални лица веќе споделија дека работат на „флексибилна“ понуда.

За жал, потврдата е единствената официјална информација поврзана со идниот уред. Односно немаме
идеја кога тој ќе дебитира и какви промени ќе претрпи спрема протечените документи и патенти.
Рендерите сепак претставуваат различни варијации на телефон со дисплеј на преклопување,
слично на официјалните прототипи на TCL.
Oppo се очекува официјално да го објави својот смартфон подоцна оваа година.