Тимот на YouTube ги исклучи коментарите во повеќето детски канали, станува јасно од
официјалниот блог на популарниот видео портал. Отстранети се коментари во десетици милиони
видеа.

Компанијата прибегнува кон такво последно средство за справување со „предаторското
однесување“ на корисниците кои со своите коментари ги загрозуваат децата на било каков начин.
Постоечките алгоритми за филтрирање очигледно не можат сами да се справат со неприфатливи
коментари.
YouTube сè уште ја задржува можноста за коментирање во неколку одбрани канали за
малолетници. Исто така, постои предуслов за тоа – креаторите на овие канали се обврзани да ги
модерираат сите коментари за да се осигури безбедноста на децата, соопштија од видео-порталот.
Во моментов тимот на YouTube работи напорно за подобрување на алгоритмите за филтрирање –
преку воведување на нови класификатори за коментарите, за системот автоматски да ги дефинира
и ги отстранува опасните за децата коментари.