(Фото) Во Чешка фатен Србин што убил најмалку двајца

од desk2
110 прегледи

Вчера полицијата во Прага го уапсила 38-годишниот Чаба Дер, кој е осомничен дека во Белград убил 38-годишен маж. Дер исто така е осомничен за убиство на Хрват во Амстердам.

Чешката полиција во соработка со припадници на FAST тимови за потрага од неколку земји, меѓу кои и FAST тимот на Србија, вчера во Прага го уапсила Чаба Дер, кој е осомничен дека на 5-ти јануари оваа година на Баново Брдо убил 38-годишен маж.

Дер исто така е осомничен и за убиство на Хрватот Иван Сердарушиќ минатата година во Амстердам.

При апсењето кај него биле пронајдени фалсификувани документи, два пиштоли, муниција и пригушувач, но и многу средства за промена на изгледот.

Република Србија ќе побара екстрадиција на осомничениот.

По Чаба Дер неколку држави распишале меѓународни потерници и европски налози за апсење. Тој воедно е и Србин со најмногу црвени налози. Во пет месеци убил најмалку три лица.

Потсетуваме, Дер го убил Марковиќ пред куќата во која тој живеел со сопругата и бебето, кога пред куќата склопувал количка за бебе. Момент подоцна до него дошол бел автомобил во кој убиецот влегол и побегнал.

Дер го убил Сердарушиќ во ресторан во Амстердам, во кој влегол облечен како турист и ја застрелал жртвата во глава, пренесуваат холандските медиуми. Неговото лице јасно се гледа на снимките од надзорните камери, а на местото на злосторството се пронајдени и траги од неговата ДНК.

Холандските медиуми потсетуваат дека Дер е осуден на затворска казна во Србија во 2004-та година поради убиство. Бил пуштен од притвор во 2017-та. Интерпол го поврзува со низа неразјаснети убиства ширум Европа.