Јунајтед се врати во топ 4 по инфарктна победа над Саутемптон

од Vlatko K
73 прегледи

Манчестер Јунајтед се врати во топ 4, откако направи пресврт против Саутемптон на својот „Олд
Трафорд“ и постигна успех со 3:2.


Со освоените три поени „црвените ѓаволи“ ја искористија грешката на Арсенал и се вратија во
„четворката“ со 58 поени, а тимот е на 3 бода од третиот во табелата Тотенхем.

Валери отвори за „светците“ во 26-тата минута, а Переира израмни за Јунајтед во 54-тата.
Лукаку беше прецизен во 59-та и донесе пресврт на тимот.

Ворд-Прауз сепак израмни во 75-тата минута и натпреварот одеше кон реми, но Ромелу го постигна
победничкиот гол во 89-тата минута.

Во продолжението домаќините добија право да исполнат пенал, но Погба го промаши ударот од 11-
метри.

Резултати од Премиер лига, 29 коло:
Тотенхем – Арсенал 1:1
Борнемут – Манчестер Сити 0:1
Брајтон – Хадерсфилд 1:0
Барнли – Кристал Палас 1:3
Манчестер Јунајтед – Саутемптон 3:2
Вулверхемптон – Кардиф 2:0.