Се очекува ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба да биде новиот капитен на тимот следната
сезона, вели „Сан“. Како што е познато, актуелниот капитен Антонио Валенсија има договор кој
истекува, а клубот се откажа од опцијата да го продолжи автоматски за уште една година.

Значи, ако Еквадорецот го напушти „Олд Трафорд“ во текот на летото, капитенската лента ќе остане
слободна. Се чини дека Оле Гунар Солскјер ќе остане трајно како менаџер на тимот, и тој ќе треба
да одлучи кој ќе биде новиот капитен. Според публикацијата, негов фаворит е Погба, откако
Норвежанецот е импресиониран од лидерските квалитети на Французинот.
„Можете да видите што значеше да ја освои светската титула за него. Значи, да – за мене, Погба
има потенцијал да биде капитен“, изјави Солскјер пред почетокот на сезоната. Играчот од средниот
ред покажа неверојатна форма под водство на привремениот ментор, откако реализираше 9 гола и
7 асистенции во 14 натпревари.
Интересно е дека во оваа кампања Погба забележа неколку натпревари со капитенската лента во
отсуство на Валенсија, но подоцна Жозе Мурињо го лиши од неговата улога на заменик капитен,
која во моментов ја извршува Ешли Јанг