Samsung ја објави веста дека Galaxy S10 и S10 Plus ќе се продаваат во пакет со прединсталирана
заштита на екранот. Ако сепак не сакате „заштитници“ на екранот сепак, можете да спиете мирно,
бидејќи новиот ultrasonic сензор за отпечатоци работи адекватно и при доооста изгребано предно
стакло. Тестовите се на Зак Нелсон (JerryRigEverything), кој го става свежиот предводник под
особено тешки тестови за издржливост. Очекувано за паметен телефон од висока класа на
корејската компанија, дотичниот е извонредно изграден.

За жал совршенството се постигнува доста тешко и споменатиот нов сензор за отпечатоци одбива
да работи при пукнатини на предниот панел. За среќа телефонот е исклучително цврст и ако вие
самите успеете да го оштетите до степенот до кој го прави тоа Зак, тогаш можеби треба да ги барате
причините главно во себе.
Вистината е дека е речиси невозможно е да го „свитката“ со сопствени сили, а клучеви и монети во
вашиот џеб нема да остават значајни гребнатини на неговото тело.