Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари беше разочаран по новиот пораз од Барселона (0:1).
Овој пат „белите“ загубија во првенството и поразот во голема мера стави крај на нивните надежи
за титулата.

Каталонците веќе имаат 60 поени,на 12 пред Реал, кој е на трето место. Солари е загрижен од
фактот дека „белите“ веќе заостануваат сериозно од големиот ривал.
„Се боревме на секаков начин и не се предадовме. Ова беше доста тежок натпревар и за двата
тима. Игравме добар фудбал на многу начини, но ни недостигаше завршен удар. И не станува збор
за недостаток на желба, се обидовме на секој можен начин – од корнер, од фаул, со директни удари
… Но тоа е фудбалот, понекогаш работите не излегуваат како што сакате“, прокоментира Солар.
„Сега треба да работиме за да ја подобриме својата игра. Разликата со Барселона веќе е сериозна,
но ние нема да се откажеме до последно“, рече тренерот на „белите“.