По седми пат поништено е одобрението за градба на инвеститорот кај хотелот Лагадин во Охрид. В.д. градоначалникот Константин Георгиевски за Телевизија 24 потврдува дека минатата недела ставил потпис и дека инвеститорот не смее да гради, но дека има право на жалба до второстепената Комисија.

Претходно беше утврдено дека изградбата на хотелот прекршува 12 закони, 1 подзаконски акт и не е во согласност со Уставот.
Дополнително, Инспекторатот за животна средина потврди дека градбата се наоѓа во заштитените 50 метри од брегот на езерото во кои не се дозволени објекти од цврста градба.