Во Скопје денеска заседава Меѓувладината комисија за економска соработка помеѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Од бугарска страна со него претседава министерот за транспорт, Росен Железков.Домаќин е министерот за економија Крешник Бектеши.

Меѓу темите кои треба да се дискутираат се транспортните и инфраструктурните проекти, земјоделството, економијата, енергијата и екологијата.
Важна тема на разговорите ќе биде изградбата на железничката врска долж Коридорот 8, кој ќе ја поврзе Бугарија со Јадранското Море низ Македонија.