Кирацовски: МВР презеде иницијатива за случајот со следењето на Пендаровски

од desk2
90 прегледи

Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски денеска изјави дека МВР веднаш презеде инцијатива за расчисување на случајот што вчера во интервју за 1Тв го наведе претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, дека бил следен од разузнавачки служби од опозицијата.

-Штом иден претседател на држава изјавува за одредени индиции и алудира на одредено следење од одредени служби блиски на опозицијата, евидентно е дека постојат. МВР веднаш презеде инцијатива тие да бидат откриени и изведени пред лицето на правдата, изјави Кирацовски во Битола.

Тој исто така соопшти дека за кандидатурата Пендаровски за само неколку часа во канцелариите на ДИК низ земјава се собрани над 20.000 потписи.