Притвор за Мијалков и Ибраими, за останатите од „Титаник 2“ мерка претпазливост

од desk2
97 прегледи
Судот на барање на обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи, по денешното соопштување на пресудата за „Титаник 2“, им одреди мерка притвор на Сашо Мијаков и Бедредин Ибраими, поради постоење опасност од бегство.
Ибраими доби затворска казна од четири години и шест месеци, а Мијалков три години затвор.
За Мендух Тачи, кој е осуден на три години и два месеци затвор, како и за Сашо Срцев,  Анета Стефановска и Влатко Сајковски, кои беа осудени на три години затвор, е изречена мерка за претпазливост.
Осудените имаат право на жалба, но таа не го одложува извршувањето на судските одлуки.