Како да го вклучите ноќниот режим на Facebook Messenger?

од Vlatko K
129 прегледи

Веќе извесно време, Facebook експериментира со функцијата „ноќен режим“ во апликацијата
Messenger. Корисниците сега можат да се обидат да ги одморат очитем кога нема доволно
светлина.

Еве како да ја овозможите функцијата:

– Ажурирајте го Facebook Messenger до најновата верзија.
– Отворете го чатот на апликацијата.


– Активирањето на скриената функција се случува со испраќање на емотиконот во форма на
месечина кон контакт, кој сте го одбрале во разговорот.

– Откако ќе го направите ова, ќе видите порака која се појавува во прозорецот за разговор и ве
информира дека функцијата е веќе активна.

Секогаш можете да ја вклучите или исклучите функцијата директно од менито за поставки на
Facebook Messenger.