Во почетокот на февруари популарната апликација за комуникација Viber доби нов дизајн и
дополнителна функционалност со излегувањето на верзија 10, што следеше по осмиот роденден во
декември.

Сепак, промените продолжуваат и овој пат тие се долгоочекувани од корисниците. Прво,
апликацијата веќе има темна тема која може да се активира било каде во менијата. Оваа функција
е корисна, бидејќи интерфејсот на Viber е доминантно бел, а тоа ги оптоварува очите навечер и не е
оптимално решение за телефоните со OLED дисплеи.
Другата новина исто така се чека одамна – тоа е можноста за пребарување во чатовите. Тоа ќе ја
зголеми значително удобноста при работа, бидејќи досега немаше брз и лесен начин за наоѓање на
саканата информација во подолги групни или самостојни чатови.
Новите функции сега се достапни во верзија 10.2.0.3, која моментално е достапна за Android. Не е
исклучено овие промени веќе да се вклучени во iOS верзијата.