И покрај фактот дека тој се уште е во Реал Мадрид, играчот од средниот ред Тони Крос планира да
го напушти клубот. Според „Дон Балон“, германскиот репрезентативец може да игра во англиската
Премиер лига, каде интерес покажува Манчестер Сити.

Според изданието, Крос ги води прелиминарните разговори со тренерот на „граѓаните“, Пеп
Гвардиола. Договорот на играчот од средниот ред со тимот од Мадрид е до летото 2022 и неговата
трансфер вредност, според „Transfermarkt“, е 80 милиони евра.
Германецот игра на „Сантијаго Бернабеу“ од 2014 година, кога беше купен од Баерн Минхен. Со
белиот дрес запишал 224 натпревари, во кои има 13 гола и 57 асистенции.