Бекот на Реал Мадрид, Марсело се согласил со деталите за неговиот договор со Јувентус, кој треба
да влезе во сила во текот на летото, објави Ла Стампа.

Според информациите, Марсело ќе потпише за четири години со „Стара дама“ со годишна плата од
12 милиони евра. Во Јувентус, Марсело ќе се собере повторно со Кристијано Роналдо, со кого играа
заедно многу години во Реал Мадрид.
Во оваа фаза не е јасно која е трансфер сумата што Јуве ќе ја плати за Марсело. Бразилецот е
резерва во последните четири натпревари на Реал, откако го препушти левото крило на 22-
годишниот Серхио Регилон.